Најмалку 64 политичари се убиени во Мексико во последните шест месеци

Фото: EPA-EFE/Joebeth Terriquez

Најмалку 64 политичари се убиени во последните шест месеци во Мексико и се смета дека тоа има врска со парламентарните и регионалните избори во јуни годинава, соопшти локалната Влада. Насилството во Мексико пред избори, особено локалните, обично го вршат картели кои се занимаваат со трговија со дрога.

– Организираниот криминал се обидува да влијае на текот на изборите, рече министерката за безбедност Роза Исела Родригез.

Таа наброи 73 случаи на политичко насилство, вклучувајќи 64 убиства. Министерката не прецизираше колку меѓу нив се кандидати за изборите на 6 јуни. Владата најави зајакнување на заштитата на ранливите кандидати.

Најчесто насилство врз политичарите се убиства, киднапирања, закани кон роднини, подметнување пожари и изнуда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот