Најмалку 430 жени се убиени во Турција годинава

Најмалку 430 жени се убиени во Турција од почетокот на годинава досега, објавија турските опозициски весници.

Весникот „Созжу” во текстот со наслов „Денот на жената, листата е застрашувачка” пишува дека на 85-годишнината од воведување на правото за жените во Турција да гласаат и да се кандидираат на избори (5 декември) е повеќе од јасно дека наместо да оди напред, земјата оди наназад.

Во Турција животот на една жена нема никаква вредност. Со неодамнешните случаи за брутални убиства на жените, бројот достигна до 430. Со секој изминат ден случаите на насилство врз жените се зголемуваат.

Во 2018 година се извршени 441 такви убиства, додека во 2011 година 121 убиство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот