Најмалку 40 жртви по тајфунот Хагиби во Јапонија

Фото: Профимедиа

Најмалку 40 загинаа по тајфунот Хагиби во Јапонија, додека екипите за пребарување и спасување продолжуваат да трагаат по 17 исчезнати во областите од централниот и источниот дел на земјата.

Во ударите на тајфунот се повредени најмалку 180 лица, а околу 38.000 лица се евакуирани од своите домови, наведува агенцијата Кјодо.

Хагиби на островот донесе рекордни количества дождови, заради што за само 48 часа се излеаја дури 20 реки.

Јапонија се справува со последиците од најсилната бура во последните години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот