Најмалку 40 загинати во експлозија на камион цистерна во Сирија

Фото: Принтскрин

Нападот се случил во улица преполна со луѓе во Африн и загинале и 11 деца.

Во експлозија на  камион цистерна во северниот сириски град Африн, контролиран од турските сили и нивните сириски сојузници, загинаа најмалку 40 цивили, соопшти денеска турското Министерство за одбрана.

Претходниот биланс, од сириската невладина опсерваторија за човекови права, беше повеќе од 20 убиени.

Министерството за одбрана на Турција во твитот соопшти дека нападот се случил во улица преполна со луѓе во Африн и дека загинале и 11 деца. Се додава дека ранети се 47 лица.

Во извештаите на турската агенција Анадолија, кои повикуваат неименувани безбедносни службеници веруваат дека нападот го извршиле сириските курдски борци поврзани со курдските милитанти кои се борат во Турција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот