Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Најмалку 35 луѓе исчезнаа во пожарите во Лос Анџелес
Најмалку 35 луѓе се водат како исчезнати во пожарите што го зафатија Лос Анџелес, а се претпоставува дека двајца загинале, изјави денеска началникот на градската полиција.
Препорачано
Тој рече дека 18 луѓе се водат како исчезнати во областа на пожарот Итон и шест во Малибу, пренесува CBS.
Во исто време, пожарникарите се уште се борат да ги стават под контрола четирите актуелни пожари во Лос Анџелес, од кои најголемиот, пожарот Палисадес, изгоре 9.596 хектари.
Пожарникарите задржале 17 отсто од овој пожар откако избувнал пред една недела, според Калифорниската противпожарна служба.
Пожарот во Итон, на северот на градот, изгоре околу 5.700 хектари и е локализиран 35 отсто, додека пожарникарите речиси целосно го изгаснаа пожарот во Херст.
Градоначалничката на Лос Анџелес Карен Бас го покани новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да ги обиколи областите на градот погодени од пожарите.
Трамп претходно ги обвини властите во Калифорнија, а особено гувернерот на државата Гевин Њусом, дека не успеале правилно да управуваат со опасностите од пожари и снабдувањето со вода, пишува Си-Ен-Ен.
Најмалку 24 лица загинаа, а десетици се водат како исчезнати во пожарите во областа Лос Анџелес.
Наредбата за задолжителна евакуација останува во сила за 92.000 луѓе, а уште 89.000 жители се под предупредување за евакуација.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
17мин
-
23мин
-
28мин
-
33мин
-
36мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5