Најмалку 29 лица, повеќето деца, се удавија во Нигерија

Најмалку 29 лица, меѓу кои најголемиот дел ученици, се удавија откако нивниот брод се преврте во река во северна Нигерија, во државата Кано/ Фото: ЕПА

Најмалку 29 лица, меѓу кои најголемиот дел ученици, се удавија откако нивниот брод се преврте во река во северна Нигерија, во државата Кано, соопштија локалните власти.

Повеќето од жртвите биле ученици во исламско училиште на возраст од шест до 12 години, а отишле на верски настан, јави Би-Би-Си.

Локалната полиција соопшти дека седуммина преживеани се префрлени во болница, додека потрагата по исчезнатите продолжува.

Причината за превртувањето на бродот не е позната, но слични инциденти имало и претходно, а причините биле претежно пренатрупаност на бродот или лошо одржување. Исто така, нема доволно прописи за утврдување на безбедноста на патниците.

На бродот имало повеќе од 50 луѓе, кои од селото Бадау оделе кон градот Багваи кога се превртел.

Пред две недели, најмалку седум девојчиња се удавија кога нивниот брод се преврте во блиската нигериска држава Џигава, додека во мај, повеќе од 100 луѓе загинаа во државата Кеби во сличен инцидент.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот