Најмалку 26 лица загинаа во судир на патнички траект и товарен брод во Бангладеш

Фото: EPA-EFE/Monirul Alam

Најмалку 26 лица загинаа откако патнички траект се судри со товарен брод и потона во река Бангладеш кај Дака, соопштија денеска локалните власти.

Спасувачите пронајдоа уште 21 тело во траектот, изјави Голам Садек, шеф на Управата за внатрешен воден транспорт во Бангладеш (БИВТА).

Тој информира дека спасувачкиот тим, составен од припадници на морнарицата, крајбрежната стража, полицијата и вработените во одделот за противпожарна служба и цивилна одбрана, цели 18 часа го извлекуваа траектот до брегот.

Како што јави ДПА, товарниот брод сè уште не е пронајден.

– Полицијата се обидува да го пронајде бродот и да ги фати одговорните за несреќата, рече Садек, додавајќи дека несреќата била предизвикана поради небрежност од страна на капетанот на товарниот брод.

Назначена е седумчлена комисија која треба да ја утврди причината за несреќата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот