Најмалку 21 лице загина при пад на автобус во амбис во Боливија

Сообраќајна несреќа / Фото: EPA-EFE/Stringer

Најмалку 21 лице загинаа кога автобус падна во амбис во Боливија, јавија во понеделникот локалните медиуми, повикувајќи се на полицијата.

Уште 12 лица се повредени во несреќата што се случила на патот што минува низ областа Морочата во одделот Кочабамба, јави весникот Ел Дебер.

Преживеаните со неколку амбулантни возила биле пренесени во областа Винто, соопшти полицијата на местото на настанот.

– Успеавме да изброиме 21 загинат, од кои три се деца, рече локален полицаец.

Сериозни сообраќајни несреќи се вообичаени на тесните, понекогаш и неасфалтирани планински патишта во земјата на Андите.

Во март, автобус се урна меѓу Санта Круз де ла Сиера и Кочабамба, при што загинаа најмалку 20 луѓе.

Во јули, автобус падна повеќе од 100 метри во близина на Чатакила, при што загинаа најмалку 34 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот