6 C
Скопје

Најмалку 20 загинати во експлозија на автомобил-бомба во Могадишу

Најмалку 20 лица загинаа во експлозија на автомобил-бомба што уништи популарен ресторан во сомалиската престолнина Могадишу, соопштија безбедносни извори, пренесе Анадолу. 

Ресторанот се наоѓал во близина на градскиот затвор.

-Експлозијата беше многу силна и предизвика масовно уништување и цивилни жртви. И натаму трае операцијата на утврдување на точниот број на жртви, но првичните податоци добиени од безбедносните служби покажуваат дека над 10 лица се убиени во нападот, изјави претставникот на службата за безбедност, Мохамед Осман.

Портпаролот на сомалиското Министерство за информации, Исмаил Мухтар Ороњо, во изјава на Твитер рече: „Автомобил-бомба експлодираше пред ресторанот Лул Јемени во близина на пристанишниот град Могадишу. Извештаите од областа Хамарјаџаб во регионот Бенадир велат дека имало жртви како резултат на експлозијата “.

Прочитајте и...  Лекарите ѝ се поклонија на девојката чие срце спаси живот

Ниту една група сè уште не презеде одговорност за нападот. Но, групата Ал-Шабааб, поврзана со Ал Каеда, со седиште во Сомалија, ја презеде одговорноста за неколкуте неодамнешни напади во земјата.

Турција во февруарска офанзива против Даеш и ИСИС приведе 165 осомничени за тероризам

Поврзани вести

Вучиќ: Србија ќе биде велесила во производството на вакцини

Слободен печат

Лекарот на Навални предупреди дека неговото здравје се влошува

Слободен печат

ВИДЕО: Пентагон потврди, објавената снимка со НЛО е вистинска

Слободен печат

Чешка протера 18 руски дипломати, обвинети се дека работеле за специјални служби

Слободен печат

Вучиќ за нон – пејперот на Јанша: Ниту сум видел мапа, ниту пак план – се залагам за постојните граници

Слободен печат

Веља Невоља и Месар во паника: Пронајдена ДНК трага од нивна жртва – мислеа дека ако „нема тело – нема дело“

Слободен печат

Остави Коментар