Најмалку 20 лица починале од глад плутајќи два месеци на брод со 400 луѓе

Фото: ЕПА

Најмалку 20 лица, припадници на заедницата Рохинџи, починале на еден брод со околу 400 гладни луѓе, соопшти крајбрежната стража на Бангладеш.

Бродот бил спасен вчера, откако не успеал да стигне до Малезија поради што плутал со недели.

– Тие биле на море околу два месеци и умирале од глад, изјави припадник на крајбрежната стража.

Тој додаде дека е донесена „конечна одлука” 382 луѓе од бродот да се испратат во соседен Мјанмар, од каде потекнуваат Рохинџите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот