Најмалку 14 уапсени во Бристол по насилниот протест

epa09089974 Chief Constable Andy Marsh from Avon and Somerset Police, speaking with the press outside the Bridewell Police station in Bristol which was attacked by protesters on a ?Stop the Bill? protest in Bristol, Britain 22 March 2021. Avon and Somerset police have condemned scenes which saw a police station under siege with police officers injured and two police vehicles were set on fire March 21. EPA-EFE/JON ROWLEY

Најмалку 14 лица се уапсени по вториот протест „Убиј го законот” во Бристол за три дена, соопшти денеска полицијата во Авон и Сомерсет.

Протестот на околу 200 лица во Бристол, југозападна Англија, заврши откако полицајците „го спроведоа законодавството за Ковид-19″, се вели во соопштението на полицијата.

– Вкупно 14 лица беа уапсени за прекршоци, вклучително и кршење на законодавството за ковид-19 и попречување на автопат, се вели во соопштението.

Нацрт-законот што во моментов е во британскиот Парламент предвидува повеќе овластувања за полицијата за време на протестите.

ВИДЕО I Протести во Бристол: Повредени 20 полицајци, уапсени најмалку седум демонстранти

Предложениот закон предвидува ново дело на „намерно или несовесно предизвикување јавни непријатности”, според кое луѓето се соочуваат со затворска казна или парична казна доколку бидат прогласени за виновни.

Видео на денот