Најмалку 13 загинати при уривање на зграда во Камбоџа

Најмалку 13 луѓе загинаа откако вчера се урна зграда во изградба во градот Сихануквил, во јужниот дел на Камбоџа.

Најмалку 23 лица се повредени, додека 36 работници се извлечени од под урнатините.

Се уште се истражува причината за уривање на зградата, која е во сопственост на кинески инвеститор. Според локалните власти четворица кинески работници се приведени. Објектот што се урна бил изграден од 70 до 80 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот