Најмалку 13 луѓе загинаа во поплавите во Венецуела

Поплава/ фото МИА

Најмалку 13 лица, од кои две деца, загинаа во поплавите во сојузната венецуелска држава Мерида.

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро изјави дека вкупно 35.646 луѓе во 85 општини се погодени од поплавите.

Обилните дождови, свлечишта и поплави се вообичаена појава во регионот на Андите во западна и југозападна Венецуела.

Во 1984 година, околу 16 луѓе загинаа во близина на Мерида, а во 2005 година бурите однесоа неколку десетици животи.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот