Најмалку 13 авганистански војници загинаа во напад на талибанците

Бунтовниците ноќеска, околу полноќ, од повеќе страни го почнале нападот врз безбедносните пунктови во областа Даште-е Арчи, во Кундуз.

Најмалку 13 авганистански војници загинаа, а уште неколкумина други се повредени кога талибанците нападнале контролни пунктови во северната провинција Кундуз, соопштија денеска официјални лица, јави ДПА.

– Осуммина војници и најмалку четворица полицајци се повредени во напад во текот на изминатата ноќ, додека тројца други биле заробени од талибанските милитанти, за ДПА изјави советникот на провинцијата Сафиулах Амири и Аминулах Ајдин.

Бунтовниците ноќеска, околу полноќ, од повеќе страни го почнале нападот врз безбедносните пунктови во областа Даште-е Арчи, во Кундуз. Судирите траеле до раните утрински часови, изјави гувернерот на округот Садудин Сајед.

Сајед, исто така, потврди дека талибанците заплениле оружје, но додаде дека контролните пунктови сега повторно се под контрола на владините сили, јави германската агенција.

Само вчера загинаа најмалку 12 полицајци, а шест други беа повредени во напад на талибанските милитанти врз полициската станица во главниот град на провинцијата Баглан.

Кундуз е меѓу немирните провинции, каде милитантите имаат огромно присуство и редовно спроведуваат напади врз владините сили.

Новиот бран напади врз авганистанските сили доаѓа откако американскиот специјален претставник за Авганистан, Џајмај Калилзад, се наоѓа во Брисел за да ги информира претставниците на НАТО за неодамнешните повторни разговори меѓу САД и талибанците, додаде ДПА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот