Најмалку 12 повредени во автобуската несреќа во Бугарија

Фото МИА

Автобус со регистерски таблички од Шабац, Србија во кој се превезувале 48 деца, излетал од автопатот Тракија во Бугарија и се превртел во ендек при што нема загинати, соопшти бугарската полиција

Според првичните информации, во несреќата со српскиот автобус на автопат во Бугарија, повредени се четворица возрасни и осум деца. Тоа го изјави заменик-главен секретар на МВР на Бугарија, Станимир Станев.

Двајца се во тешка состојба – еден возрасен и едно дете, другите се со различни повреди.

Меѓу повредените е и возачот на автобусот.

Сите патници се државјани на Србија. Несреќата се случила на 216 километри во правец на Софија, кај Стара Загора. Децата биле учесници на фестивал во Несебар.

Сите повредени се упатени кон болницата во Стара Загора.

По наредба на главниот обвинител Иван Гешев, екипа истражители од Националната истражна служба се упати кон местото на сообраќајната несреќа кај Стара Загора. Ова го соопштија од обвинителството.

Српски автобус се преврте на автопатот Тракија во Бугарија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот