Најмалку 12 деца во БиХ се повредени во предизвикот „Супермен“ од „ТикТок“
Најмалку осум деца во областа на Бања Лука и Лакташи, во Република Српска во БиХ, се повредени додека го изведувале „Супермен-предизвикот“ од социјалната мрежа „ТикТок“, јавија медиумите.
Претходно, тројца ученици од петто одделение од ОУ „Свети Сава“ во населбата Лауш во Бања Лука, ги скршиле двете раце во опасниот „предизвик“.
Мирослав Попржен, директор на основното училиште „Свети Сава“, кој е и претседател на Здружението на директори на основни училишта од регионот Бања Лука, изјави дека овој немил настан е резултат на предизвикот „Тик Ток“ што децата ги изведувале во училиштето.
„Децата играа непримерни игри, при што едно девојче падна и ги скрши рацете. Децата го видоа предизвикот и го направија тоа, без да размислуваат за последиците“, вели Попржен.
Како што рече, важно е родителите на основците внимателно да ги следат содржините што ги гледаат нивните деца на социјалните мрежи.
Според босанските медиуми, во Сараево деновиве се повредени четири деца при изведување на опасниот „предизвик“.
ВИДЕО | „Тикток-предизвик“ ја наполни Градска болница – 11 деца побарале лекарска помош