Најмалку 11 загинати во нов милитантен напад во Алепо

Фото: EPA

Нападот го извршиле околу 70 вооружени лица со поддршка од четири тешко вооружени возила.

Најмалку 11 луѓе загинаа, а 30 се повредени во нови напади на милитантите врз владините сили во сирискиот град Алепо.

-Вооружените групи го бомбардираа Алепо 48 пати во последните 24 часа, соопшти денеска шефот на Центарот за помирување при руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Јуриј боренков.

Во борбите загинаа три сириски војници и осум цивили, меѓу кои и жени и деца. Повредени се осум војници и 22 цивили.

Според официјалните податоци, нападот го извршиле околу 70 вооружени лица со поддршка од четири тешко вооружени возила. Сепак, нападите биле одбиени со помош на тенкови, а милитантите се повлекле на почетните позиции.

Според податоците на руското Министерство за одбрана, во бомбардирањата на Алепо од 16 до 22 јануари загинаа 28 цивили, а 56 се ранети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот