Најмалку 107 лица заразени со коронавирус на миса во Франкфурт

Каи Клосе/ фото: ЕПА

Најмалку 107 лица се заразиле со коронавирус на миса во Баптистичката заедница во Франкфурт, објави денеска локалниот министер за здравство.

Инфекцијата веројатно се случила на миса пред две недели. Заедницата соопшти дека се почитуваат сите епидемиолошки мерки, вклучително и физичко растојание, дезинфекција и заштитни маски.

-Овој пример покажува колку е важно за сите нас, особено сега кога на сила стапија олеснителните мерки, да бидеме претпазливи и да не постапуваме невнимателно“, рече министерот за здравство на Хесен, Каи Клосе.

-Според нашите информации, само едно лице е во болница, рече Клосе и додаде дека „ситуацијата е под контрола“.

Во сојузната држава Хесен, од 1 мај е дозволено одржување на миси, но со строго придржување до мерките.

 

Фото: EPA

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот