Најмалку 100 цивили сè уште се ноаѓаат во челичарницата Азовстал

Фабриката Азовстал во Мариупол, Фото: EPA-EFE/SERGEY VAGANOV

Најмалку уште 100 цивили се останати во фабриката за челик, што е под силен руски оган во јужниот украински град Мариупол, изјави денеска помошникот градоначалник Петро Андриушенко.

Мариупол ги преживува најразорните битки во руската инвазија и војната во Украина.

Железарницата Азовстал е последниот дел од градот што се уште е во рацете на украинските борци.

Украина претходно соопшти дека сите цивили го напуштиле Азовстал, а Русија објави дека е завршена евакуацијата на цивилите од фабриката.

„Покрај армијата, во засолништата во Азовстал има најмалку 100 цивили. Сепак, тоа не го намалува интензитетот на окупаторските напади”, напиша Андриушченко на Телеграм.

Русија не ги коментираше неговите тврдења, а запдните медиуми не успеаја да добијат независна потврда на наводите.

ЕКСКЛУЗИВНА АНАЛИЗА (3) | Сите ќе изгубиме ако се притисне „црвеното копче“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот