Најмалку 10 мртви во насилните протести во Конго против мисијата на ОН

Фото: Илустрација/МИА

Најмалку 10 лица се убиени за време на насилните протести против мировната мисија на Обединетите нации на истокот на Демократска Република Конго (ДРК), јави ДПА.

-Во демонстрациите во провинцијата Северен Киву повредени се повеќе од 20 лица, изјави синоќа гувернерот Карли Нзанзу Касивита.

Протестите почнаа пред околу една недела и досега беа главно мирни, но во неделата и понеделникот станаа насилни, пренесе ДПА.

Младите во градовите Гома, Бени и Бутембо поставија барикади на улиците, уништија куќи и деловни објекти и запалија автомобилски гуми, соопштија властите, извикувајќи пароли против силите на ОН: „Не успеавте, бедни”, „Не го заштитувате цивилното население” и „Вие сте соучесници на непријателот”.

-Училиштата и деловните објекти вчера беа затворени, додека безбедносните сили реагираа со употреба на сила врз демонстрантите, изјави гувернерот Касивита.

Младите протестираат против зголеменото насилство на истокот на земјата, како и против „неактивноста” на мировните сили на ОН и меѓународните организации за помош.

Последните неколку недели во овој регион има значително зголемување на нападите.

Самостојната бунтовничка група Сојузнички демократски сили (АДФ), поврзана со Исламската држава, од почетокот на годината уби над 200 лица и од домовите протера  40.000 лица, наведуваат ОН.

АДФ е една од над 100-те бунтовнички групи кои се активни на истокот на Конго, а многу од овие групи се борат за скапоцените природни ресурси на земјата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот