Најмал број на смртни случаи од 2 март во Италија

Италија денеска пријави 26 смртни случаи, што е најмала бројка на починати лица од последици на новиот коронавирус од 2 март.

Италијанската Агенција за цивилна заштита сооптши дека тоа претставува пад на смртните случаи и во споредба со вчера, кога беа регистрирани 44 жртви.

Италија денеска забележа и мал пад на бројот на заразени лица – 303, во споредба со вчера кога беа регистрирани 338 новозаболени.

Италија со вкупно 34.371 починати лица  е на четврто место по бројот на смртни случаи по САД, Велика Британија и Бразил. Додека со вкупно 237.290 инфицирани лица со Ковид-19 е на седмо место во светот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот