Најлудиот фудбалски трансфер во историјата: Потпиша за ривалот – за алуминиумски голови и мрежи

epa06099512 Milos Cvetkovic of PFC Levski (L) vies for the ball with Ante Erceg of Hajduk Split (R) during the UEFA Europa League, second qualifying round 2nd leg soccer match between PFC Levski and Hajduk Split in Sofia , Bulgaria, 20 August 2017. EPA/VASSIL DONEV

Неверојатен трансфер во Хрватска.

Кога станува збор за трансферите со хрватските екипи, вообичаено доминира Динамо Загреб кој редовно прави милионски трансфери при продажба на своите фудбалери.

Сепак, деновиве од Хрватска доаѓа и најневеројатниот трансфер, и наместо милионски суми, овој пат веста е дека фудбалер е продаден за три алуминиумски голови.
Станува збор за трансферот на Рене Шариќ, млад фудбалер на Цибалија од Винковци и премина во Рудеш. Трансферот од еден второлигаш во друг го привлече вниманието поради „три алуминиумски голови со мрежи“

Екипата на Цибалија која во последните две децении поголем дел играше во првата хрватска лига, но во сезоната 2018/19 поради финансиски проблеми е исфрлена во третата лига. За иронијата да биде поголема, во Цибалија сметаат дека тие направиле добар трансфер.

– Вистината е дека на Шариќ на лето му истекуваше договорот по што тој ќе беше слободен играч и Цибалија за него немаше да добие никакво обесштетување. На почетокот на зимскиот преоден рок заедно со својот родител и менаџер бараше да добие чисти документи и да си замине без обесштетување. Можеби тоа порано се праваше, но сега во Цибалија не работиме така. Не може играч кој е под договор да побара документи и да ги добие без да се плати обесштетување. Не сакам да влегувам во детали во приказната која долго време траеше, успеавме да пронајдеме решение со кое Цибалија не остана оштетена, а Рене помина во клуб во кој сакаше да игра. Бидејќи Рудеш не сакаше да плати обесштетување, менаџерот ја презеде одговорноста да набави голови во вредност од 45.000 куни (околу 6.000 евра). Доколку ме прашате мене, ова е одлично обесштетување за играч на кого му завршува договорот за шест месеци – изјави спортскиот директор на клубот, Крешимир Томиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот