Најлуди тренерски откази: На ТВ, преку фејсбук, јадејќи хамбургери…

Одлуката на Вотфорд на две кола до крајот на сезоната да му даде отказ на тренерот Најџел Пирсon изненади многумина и си најде место во листата на најбизарни потези кога станува збор за отказитена тренерите.

Случајот со Најџел Пирсon покажува дека тренерската работа е една од најстресните во спортот, дека над тренерите постојано виси дамоклов мач бидејќи слабите резултати не се простуваат, додека успесите брзо се забораваат.

Најџел Пирсон/EPA-EFE/Mike Egerton

Бизарноста во случајот со Вотфорд и Пирс е задоцнетата шок терапија која не вроди со плод и на првиот од последните два натпревари оваа сезона во Премиер лигата, тие се прегазени на домашен терен од Манчестер сити (0:4) и останаа во зоната на испаѓање. За работите да бидат полоши за Вотфорд, тие во последното коло му гостуваат на Арсенал и имаат минимални шанси да обезбедат опстанок во Премиер лигата бидејќи директниот конкурент Астон Вила му гостува на Вест Хем кој во минатото коло си го обезбеди опстанокот и нема големи мотиви на овој натпревар.

Пирсон сепак може да каже дека отказот го добил по разговорот со сопственикот и тоа во канцеларија.
Уругваецот Густаво Појет кој го водеше Брајтон, доби отказ додека коментираше натпревар од Купот на Конфедерации во 2013 година помеѓу Нигерија и Шпанија.
На полувремето, водителот Марк Чепмен објаби дека Појет добил отказ и соопштението на Брајтон го прочита во емисијата пред пшокираниот Уругваец.
– Па, еве Би-Би-Си доби екслузивна вест, зарем не? Немав никаква комуникација, текстуална порака или телефонски повик откако сум во емисија. Буквално ништо – рече шокираниот Појет.

Уругваецот отказот го доби бидејќи неговиот Брајтон го загуби плејоф натпреварот за влез во Премиер лигата против Кристал Палас.

Уште еден необичен отказ доби и поранешниот селектор на Етиопија, Ифи Онуора во март 2011 година.
Онуора уште при преземањето на селекторската функција наиде на проблеми.
– Дојдовме до една ливада и ми рекоа, тука ќе тренирате. Ги прашав дали јас сум единствен кој гледа стадо крави на теренот. Моравме да ги истераме кравите за да можеме да тренираме – зборува Онуора.

Ифи Онуора/фото:твитер

Онуора доби отказ уште по првиот натпревар како селектор, по поразот од 4:0 од Нигерија, а како образложение на фудбалската федерација на Етиопија отказот е и поради коментарот за кравите.

Интересен отказ во 2003 година доби и поранешниот англиски репрезентативец Тревир Френсис.

Тревор Френсис

Френсис во тоа време го тренираше Кристал Палас, а отказот го доби на 19. април 2003 година, на денот кога го прославуваше својот 49. роденден. Тогаш во канцеларијата му влезе директорот Сајмон Џордан и му врачи отказ.
– Седеше во фотелјата мирно и тивко ми рече „но, денеска ми е роденден“. Му реков, во ред, да си жив и здрав и да го славиш уште 100 години и му го врачив образецот П45 – се потсетува тогашниот директор на Кристал Палас.

Никој не сака да се најде во кожата на поранешниот тренер на Дрина од Зворник, Владица Петровиќ кој едно попладне кога го отворил својот фејсбук профил да за види какви новости има на социјалната мрежа, ја прочитал објавата на клубот во која пишува дека му е врачен отказ.
Иако очекуваната реакција на повеќето луѓе во ваква ситуација ќе биде гневна, Петровиќ само напиша под текстот:
„Ви благодарам на известувањето“.

Ништо подобро не помина ниту поранешниот фудбалер на Ливерпул, Питер Кормак кој во 2000 година доби отказ во шкотскиот нисколигаш Кауденбит.
Директорот на клубот го повикал Кормак да одат заедно на хамбургер во близина на тренинг центарот и тогаш му соопштил дека е отпуштен. Случајот да биде побизарен, отказот доаѓа само десет дена откако Кормак е именуван за тренер на Кауденбит, и притоа ниту еднаш не ја водеше екипата на официјален натпревар.
Причината за отказот е бидејќи тренерот „ги изнервирал фудбалерите со идејата работите да ги смени пребрзо“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот