Најлудата завршница во фудбалот: Голманот одбрани два пенали кои се поништени, а тој добива црвен картон… (ВИДЕО)

Натпреварот од третата турска лига помеѓу Усакспор и Ерген ја имаше најлудата завршница во последните години.

Имено, Усакспор водеше со 2:0 кога во 90. минута судијата досуди пенал за екипата која губеше. Голманот Ерсин Ајдин го одбрани ударот од белата точка, но судија одлучи да го поништи ударот од белата точка и му додели жолт карот на Ајдин бидејќи предвреме ја напушти гол линијата предвреме.

Пеналот повторно беше изведен и Ајдин повторно го одбрани, но судијата повторно го поништи и на изненадување на гледачите го исклучи голманот поради истата грешка.

Бидејќи меѓу резервистите на Усакспор немаше втор голман, на гол-линијата застана дефанзивецот Левент Актуг и успеа да го одбрани третиот удар од белата точка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот