Најлуд НБА играч, троши по 200.000 долари за патики (ВИДЕО)

EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Пи Џеј Такер, крилото на Хјустон рокетс е голем љубител на патики за кои годишно одвојува неверојатни 200.000 долари. Толкава сума потроши минатата сезона, а во својот ормар има неколку илјади пара патики.

– Колку ги имам? Навистина не знам, најверојатно неколку илјади пара патики. Најскапите се оние за кои платив 36.000 долари, но тоа беше во хуманитарни цели. Имам посебна торба за патиките и на натпревар обично носам по осум пара патики, а на еден натпревар променив дури шест пара – вели Такер.

Тој открива дека со колекционерството започна пред 19 години.
– Сè започна во 2000 година. Тешко беше да се најдат ретки примери, но сега со социјалните мрежи сè е полесно. Постојано добивам информации ако се појават некои посебни патики. Луд сум по „Air Jordan“, највеќе ги сакам тие од првата серија – потенцира Такер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот