Најлошите градови во Европа: Еве кој македонски град е прогласен за таков

Лисабон, Даблин и Франкфурт / Фото: Pexels

Содржината на платформата Тик-ток може да биде многу инспиративна, особено за љубителите на патувањата и за оние кои сакаат да ја проучуваат географијата.

Голем број корисници, чија главна тематика се токму патувањата ширум светот, ги споделуваат своите патувачки искуства во форма на видеа и даваат предлози за тоа што треба да се посети, а што не.

Од најубави плажи, до највкусни традицонални јадења – на ТикТок ќе дознаете сè што треба пред да ја посетите вашата следна дестинација.

Марсеј, Франција / Фото: Pexels/Dayana Martínez

Профилот „Map of Geography“ е еден од најпознатите кои обработуваат теми од областа на географијата. Неодамна, тие објавија мапа со најлошите градови во европските земји и предизвикаа жестока дискусија меѓу корисниците на Тик-ток.

Најголемите изненадувања се Лисабон (Португалија), Марсеј (Франција), Даблин (Ирска) и Франкфурт (Германија).

Сосема неочекувано, на мапата се најдоа и Белград (Србија) и Варна (Бугарија).

Градот во подножјето на Шар Планина, Тетово е прогласен за најлош македонски град. Дали се согласувате со „Map of Geography“?

@mapofgeography The worst city in each European country #foryou #fyp #europe #geography #maps ♬ original sound – MapOfGeography

ФОТО | Елена и Стефан патуваат заедно: Љубовна прошетка низ целиот свет

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот