Најлошиот дрес и службено ќе биде забранет

Екипата на Хадерсфилд минатата сезона беше дел од најбогата лига, но испаѓањето од Премиер лигата сигурно ќе претставува удар на финасиски план. Поради тоа Хадерсфилд се одлучи да заработи на поинаков начин, го прифати предлогот на новиот спонзор кој го предизвика бесот на навивачите. Една од најпознатите обложувалници во Англија, „Педи Пауер“ го доби најголемиот простор на дресот на една англиска екипа.

Навивачите беа бесни од изгледот на дресот, а по неколку денови и Англиската фудбалска федерација (ФА) одлучи да реагира. ФА има јасни правила за тоа каде може да стои логото на спонзорот и во кој обем, а Хадерсфилд и „Педи Пауер“ се обидоа да го изиграат тоа правило.
„ФА има стрикни правила поврзани со опремата и спонзорите на службените натпревари“, напиша ФА во соопштението.

Засега, Хадерсфилд во најлошите дресови игра на пријателските натпревари, но ФА им се закани дека нема да смеат да играат службени натпревари во таа опрема.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот