Најлошиот британски педофил пронајден мртов во затвор

Фото: Твитер

Ричард Хакл (33), еден од најлошите британски педофили, бил убиен во својата затворска ќелија на север во Англија, пренесуваат медиумите на Островот.

Хакл, кој издржувал 22 доживотни затворски казни во затвор во Источен Јоркшир, бил најден мртов во својата ќелија во текот на викендот.

Хакл бил пронајдел мртов во неговата ќелија од страна на стражарите во затворот. Како што пишуваат медиумите, тој повеќепати бил избоден.

Хакл бил осуден во 2016 година, откако бил уапсен по враќањето во Велика Британија од Малезија, каде живеел и каде злоставувал деца.

Тој признал вина за 71 точка од обвинението. Во ибвинението стоело дека злоставувал 22 деца, но се смета дека имало и повеќе жртви.

Неговите жртви најчесто биле деца од сиромашни заедница во Малезија и Камбоџа.

Хакл систематски злоставувал и момчиња и девојки во периодот помеѓу 2006 и 2014 година, кога конечно бил уапсен додека се враќал во Британија за божикните празници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот