Најлоши намирници за здравјето: Македонците ги обожаваат, а една секој ден ја јадеме за појадок

Фото: Профимедиа

Илјадапати сме ја слушнале фразата „ти си тоа што го јадеш“, но изгледа дека многумина од нас не ја сфаќаат сериозно. Во прилог на тоа говори и фактот што има сè повеќе дебели луѓе, но и сè повеќе луѓе што имаат здравствени проблеми за кои придонесува лошата исхрана.

Затоа експертите направија список на најнездравите намирници, односно на оние што најлошо влијаат врз организмот за да знаете што да избегнувате.

Чипс од компири

За жал, омилената закуска на многумина е една од најлошите намирници за здравјето. Причината за тоа е што содржи многу сол, но и лоши масти, со оглед на тоа што станува збор за пржена храна.
Едно истражување покажало и дека чипсот придонесува за дебелеење повеќе отколку засладените пијалаци, месните преработени производи и други намирници.

Похувано пилешко

Пилешкото се смета за поздрава алтернатива на црвеното месо бидејќи содржи помалку заситени масти и е добар извор на протеини. И ова месо само по себе е здраво, но ако го „валкате“ во брашно и го пржите во длабоко масло, здравата храна сте ја претвориле во една од најнездравите.

Со похување на пилешкото, тоа впива многу маснотии, што значително ја зголемува неговата калорична содржина. Она што е уште полошо е што загревањето на маслото на високи температури, што е неопходно при пржењето, е поврзано со зголемен ризик од срцеви заболувања, рак и дебелина.

Крофни

Слатките генерално не спаѓаат во здрави намирници поради големото количество бел шеќер и други состојки, а крофните се едни од најлошите поради белото брашно, шеќерот и маслото, како и фактот дека се пржат во длабоко масло. Овој деликатес содржи многу транс масти, кои се најлошиот вид масти што го зголемуваат нивото на лошиот холестерол.

Фондан

Денес тешко ќе најдете готова торта што не е покриена со фондан. Експертите велат дека тоа е практично јадлив пластелин, кој се состои од вода, желатин, масти и глицерол. Последната состојка, пропилен гликол, е поврзана со лошото здравје на бубрезите, предупредуваат експертите.

Сувомесни производи

Сувомесните производи содржат содиум нитрат, кој може да предизвика хронично воспаление во артериите, што доведува до атеросклероза и стеснување на артериите.

Маргарин

Јадењето маргарин го зголемува ризикот од коронарни болести на срцето, бидејќи содржи транс масти. Колку е поцврст маргаринот, толку повеќе транс масти содржи, па затоа путерот е поздрав избор.

Печива

Една од најлошите намирници што многумина од нас ги јадат за појадок. Тоа е, всушност, голема количина бело брашно, веројатно многу поголема отколку што би изеле ако јадете леб. Просечното печиво содржи околу 250 калории, а проблемот е во тоа што набргу потоа сте гладни. Нагло го крева нивото на шеќер во крвта, а потоа следува нагло опаѓање на шеќерот, па повторно се појавува желбата за храна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот