Најлошата пејачка во светот: Сите ѝ се потсмевале, а таа мислела дека е најдобра

Фото: Wikimedia/ Florence Foster Jenkins

Флоренс Фостер Џенкинс на 24 октомври 1944 година го распродала концертот во „Карнеги Хол“. Се вели дека публиката чекала во редици за да влезе и дека на крајот салата била премала за да ги собере сите кои сакале да ја слушнат славната дама. Откако започнал концертот, публиката паднала во екстаза, а смеата и овациите постојано го прекинувале нејзиниот настап.

Фото: Wikimedia/ Florence_Foster_Jenkins

Таа била позната дама од високото општество. Родена во Пенсилванија како ќерка на адвокат и земјопоседник, секогаш сонувала да настапува. Нејзиното богато семејство и дозволило да го оствари својот сон, па научила да свири на пијано. Велат дека била прилично добра. Флоренс важела за мало „музичко чудо“ во нејзиниот роден град, а настапувала под името „мала госпоѓица Фостер“. Имала можност дури и свири во Белата куќа за време на претседателот Радерфорд Б. Хејс.

По завршувањето на средното училиште сакала да студира музика во Европа, но нејзиниот татко проценил дека е време да стави крај на фантазиите на нејзината ќерка, па не и обезбедил финансии. Флоренс не се откажала, и на 15 години побегнала со извесен Френк Торнтон Џенкинс, лекар кој бил 16 години постар од неа, со кого се венчала.

Фото: Florence Foster Jenkins

Бракот не траел долго, но засекогаш го променил нејзиниот живот. Флоренс го напуштила својот сопруг набргу, кога открила дека тој ја заразил со сифилис. Презимето Џенкинс го задржала до крајот на животот, но никогаш повеќе не проговорила за својот сопруг, па не е јасно дали парот се развел.

Како поминувале годините, Флоренс изградила посветена публика и цела група обожаватели кои ги посетувале клубовите што таа ги водела. Флоренс немала слух, нејзиниот глас бил крајно непријатен за слушање и воопшто не знаела да пее, но на луѓето околу неа изгледа ни најмалку не им пречело.

Се опкружила со пријатели и со оние кои знаеле да ги ценат нејзините добри особини, пред се зошто секогаш била подготвена финансиски да им помогне. Таа од нив само барала да и аплаудираат и да ги издржуваат нејзините лоши настапи. Во 1909 година, во раните четириесетти години, Флоренс се запознала со 33 годишниот, неуспешен актер Клер Бејфилд.

Флоренс со текот на годините, станала истакната личност во Менхетен и Њујорк, дарежлив донатор во светот на уметноста и пејачка која добила толку многу неискрени пофалби и лажно восхитување што никогаш не сфатила дека пее лошо. Настапила опкружена со цвеќиња, во украсени и впечатливи костими кои сама ги измислувала, а за тоа добивала громогласни аплаузи и овации.

По, познатиот концер во Карнеги салата, Флоренс престанала да настапува. Неколку денови подоцна доживеала срцев удар и умрела на 76 години.

Денес, постојат теории кои го поврзуваат очајното пеење на Флоренс со сифилисот, од кој таа боледувала, кој предизвикува прогресивно влошување на централниот нервен систем. Во ерата пред антибиотиците, оваа болест претежно неуспешно се лекувала со жива и арсен, што понекогаш имало несакани ефекти, како што е губење на слухот. Дали тоа било случај со оваа жена, денес е невозможно да се докаже.

Во 2016 година, премиерно се прикажа филмот во нејзина чест во кој главни протагонисти се Мерил Стрип и Хју Грант.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот