НАЈЛОШАТА ПЕДОФИЛКА од Британија излегува од затвор: Одборот мисли дека повеќе не претставува ризик (ВИДЕО)

Ванеса Џорџ (49) од Плимонт, која медиумите ја квалификуваа како „најлош женски педофил“ во Британија, ќе биде пуштена од затвор откако го убедила одборот за условен отпуст дека веќе не претставува „значаен ризик“ за децата.

Ванеса во 2009 година е осудена на минимум 7 години затвор, откако направила 64 фотографии од себе како злоставува бебиња и деца во приватна болница каде работела како медицинска сестра.

Таа ги злоставувала децата за кои требала да се грижи. Кога во мај 2017 година отслужила 7 години затвор, била одбиена за условна казна.

Додека била во затвор, нејзиниот сопруг Ендру (51) се развел од неа, а ќерките јавно се одрекле од неа. Членовите на семејството не знаеле за нејзините гнасни тајни, а како што пишува Дејли мејл, Ендру веќе стравувал дека Ванеса ќе го изманипулира одборот да ја пушти, а дека и понатаму ќе биде опасна за децата.

Ванеса дејствувала со уште двајца соработници – Ангела Ален која силувала девојче (3) и која веќе отслужила 5 години затвор, како и со Колин Блачард, кој за условен отпуст може да с епријави следната година. Тие тројца се запознале на Фејсбук и со време создалеужасен портфолио од фотографии со деца кои Ванеса им ги испраќала.

Користеле мобилни телефони за да снимаат и да разменуваат фотографии од она што полицијата го нарекувала „злоставување деца во својата најлоша, демонска форма“.

Се верува дека Ванеса дошла во контакт со речиси 200 деца додека работела во болница. Наместо децата да ги пресоблекува на местата предвидени за тоа, таа пелените им ги менувала зад параваните, со што криела што им прави.

Злосторството било откриено кога деловниот партнер на Бланчард нашол фотографии од злоставувани деца на компјутерот во фирмата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот