Најлош старт на Арсенал од 1981 година, Мурињо ќе му „пресуди“ на Артета!?

Фото: EPA-EFE/Julian Finney

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета не е загрижен за позицијата во клубот по поразот од Вулверхемптон на домашен терен, без оглед на тоа што „топџиите“ не паметат полош почеток од 1981 година.

По воведните 10 кола, екипата од „Емирати“ е дури на 14 место со само 13 бода, осум помалку од лидерот, градскиот ривал Тотенхем. А токму во наредното коло составот на Жозе Мурињо на 6 декември ќе го пречекаат Арсенал.

Претходно загубија од Астон Вила (3:0), Лестер (1:0) и Манчестер сити (1:0), ремизираше со Лидс на Езџан Алиоски (0:0), а го победи само Манчестер јунајтед (1:0).

ВИДЕО: Што се случува со Арсенал, „волците“ го освоија Лондон!

– Во моментот кога се одлучив за тренерско работно место, знаев дека ќе дојде моментот кога ќе ме отпуштат или сам ќе го напуштам клубот, но не знам кога тоа ќе се случи. Мојата единствена грижа е да го извлечам максимумот од овој тим и да го дадам најдоброто што можам – изјави Артета.

Интересно е што на 29 ноември минатата година беше сменет претходникот на Артета, Унаи Емери, и очигледно е дека овој датум не беше среќен ниту за новиот менаџер.

Воедно истакна дека во неделата Вулверхемптон ги постигна двата гола од два удари.

– Во второто полувреме, моите играчи покажаа издржливост, заедништво и верба дека може да се вратат резултатски во мечот. Создадовме многу шанси, но сите играчи се мачат со ефикасноста – додаде Артета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот