Најлош ден во Бразил од почетокот на епидемијата, експертите велат дека најлошото следува

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро / Фото: Архива

Бразил имаше најлош ден од почетокот на пандемијата на коронавирусот. Во последните 24 часа бројот на новозаразени се зголеми за 17.408, а забележани се 1.179 смртни случаи.

Вкупно во Бразил од почетокот на пандемијата се забележани 271.628 заразени, а 17.971 лица починаа. Повеќе потврдени случаи во целиот свет имаат само САД и Русија.

Експертите се плашат од пренатрупаност на здравствениот систем заради големиот број на заболени и напоменуваат како вистинскиот број на заразени е многу поголем, а врвот се уште не е достигнат.

Претседателот на земјата, Жаир Болсонари и понатаму ја занемарува опасноста на пандемијата. И покрај постојаниот раст на заболени и починати, Болсонаро и понатаму бара од гувернерот на својата земја да ја отвори економијата. Покрај тоа, пандемијата ја нарече мал грип и учествуваше на неколку посети на граѓаните во Бразил каде се бараше отворање на државата.

СЗО ја прогласи Јужна Америка за ново жариште на епидемијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот