Најлош ден од пандемијата во Сиднеј, за 24 часа петмина починати и најмногу заразени

Сиднеј Австралија
Сиднеј, Австралија за време на пандемијата/ Фото: EPA-EFE/BIANCA DE MARCHI AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Властите во Сиднеј соопштија дека денеска е најлошиот ден од пандемијата на Ковид -19, со пет смртни случаи за 24 часа и рекордно зголемување на локалните инфекции, во време кога градот е во карантин неколку недели како мерка за борба против позаразната Делта варијанта на вирусот, пренесува Ројтерс.

„Четворица од петте починати не биле вакцинирани, додека едниот ја примил првата доза”, соопштија здравствените власти во австралиската држава Нов Јужен Велс.

„Ве молам, сега е време да размислите одлучно за вакцинацијата, а тоа првенствено се однесува на постарите лица кои не се имунизирани“ рече Кери Чент, највисокиот здравствен службеник во Нов Јужен Велс.

Властите, исто така, најавија еднонеделно затворање од вечерва во регионот северно од Сиднеј, каде што се наоѓа вториот по големина град во Њукасл, откако се пријавени нови случаи и пронајдени траги од вирусот во канализацијата.

Според денешниот извештај, 259 нови случаи на Ковид-19 се регистрирани во Сиднеј, од 262 пријавени во целиот Нов Јужен Велс.

Премиерката Гледис Береџиклијан ја поврза стапката на вакцинација со ублажувањето на ограничувањата до 28 август, поставувајќи цел од шест милиони дози до крајот на месецот, што ќе опфати половина од возрасната популација на земјата, која досега примила околу четири милиони вакцини.

27-годишно момче е најмладата жртва на Ковид-19 во Австралија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот