Најлесен начин да ги исчистите загорените тенџериња и тави – Слободен печат
МагазинСемејство

Најлесен начин да ги исчистите загорените тенџериња и тави

Не се нервирајте повеќе доколку некое тенџере или пак тавче ви загореле, ви нудиме одличен и многу делотворен трик кој ќе ви помогне.

Ништо не може да го упропасти уживањето во омиленото јадење, како загореното тенџере или тавче кое потоа морате да го триете, триете и триете… Миењето на загорен сад е вистинска ноќна мора, но благодарение на еден трик кој кружи на социјалните мрежи, сега тоа ќе биде многу полесно.

„Ставете една таблета за машина за садови во садот и прелијте ја со врела вода. Оставете го така садот преку ноќ и наутро ќе нема што да чистите“, велат оние кои веќе го пробале овој трик.

Некои дури велат дека не е потребно ниту толку долго време, дека таблетата побрзо делува.

Оние кои го пробале овој трик се воодушевени и им се заблагодаруваат на оние кои го споделиле овој трик.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close