Најки нема да го продолжи договорот со Коби Брајант
Слободен печат
Пред
epa05119839 Los Angeles Lakers Kobe Bryant (R) drives past San Antonio Spurs Kawhi Leonard (L), in first half action of their NBA basketball game in Los Angeles, California, USA, 22 January 2016. The Spurs won the game. EPA/PAUL BUCK CORBIS OUT
Американскиот производител на спортска опрема Најки потврди дека истече договорот со покојната НБА легенда, Коби Брајант.
„Коби беше многу важен линк меѓу нашата компанија и купувачите. Постојано не тераше напред и сите околу себе ги правеше подобри луѓе. Иако нашата соработка е завршена, Коби засекогаш ќе остане дел од нашето Најки семејство“, објави производителот на спортска опрема.
Најки исто така и испратил писмо на Ванеса Брајан, вдовицата на легендарниот кошаркар, дека договорот нема да биде продолжен. Последен пат Коби Брајант и Најки во 2016 година потпишаа петгодишен договор.
Патиките со името на Коби оваа година за последен пат ќе бидат направени за Најки. Интересно е што Коби на почетокот од НБА кариерата беше заштитно лице на Адидас, но во 2003 година потпиша спонзорски договор со Најки.
Коби Брајант заедно со неговата Џиана и уште седум лица на 26. јануари 2020 година загинаа во хеликоптерска несреќа во близина на Лос Анџелес.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Вечерва се емитува осмата епизода од поткастот на „Слободен печат“. Наш денешен гостин е соосновачот на „Дата Мастерс“, Филип Петровски. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Со Петровски разговараме за подемот на вештачката интелигенција, науката за податоци, актуелната состојба со ИТ секторот во Македонија и многу други интересни теми. Тој ни раскажува за животот …