„Најки“ може трајно да премине кон онлајн продажба

Американскиот производител на спортска опрема „Најки” забележа огромен скок во продажбата преку Интернет, компензирајќи го претходниот пад на приходите во продавниците, предизвикан од пандемијата на коронавирусот.

Компанијата соопшти дека во периодот јуни-август 2020 година постигнала молскавичен раст на дигиталната продажба од дури 82 проценти, пренесе британскиот јавен сервис Би-Би-Си.

Приходите на „Најки” за посочениот период изнесуваа 10,6 милијарди долари, благодарение на закрепнувањето на многу клучни пазари за компанијата, вклучувајќи ја и Кина.

Претходно, од март до крајот на мај, приходите на компанијата паднаа за повеќе од една третина, поради затворањето на продавниците и воведувањето мерки за затворање на пазарите ширум светот.

Главниот извршен директор на „Најки”, Џон Донахо, изјави дека преминот кон продажба преку Интернет може да биде постојан.

-Знаеме дека дигиталниот бизнис е новата норма. Денешниот потрошувач е насочен кон дигиталното купување и едноставно нема да се врати на претходните навики, додаде Донаху.

Продажбата на „Најки” постојано расте на големите пазари, вклучувајќи ги Кина, Јапонија, Јужна Кореја и Велика Британија, додека единствено опаѓа продажбата на домашниот, пазарот во Северна Америка.

Овие перформанси резултираа и со зголемување на вредноста на акцијата на компанијата на берзите во САД за повеќе од 10 проценти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот