Најки го спаси ПСЖ од суспензија

Екипата на ПСЖ си ги реши сите дилеми околу истрагите на УЕФА околу кршењето на финансискиот фер-плеј, откако ја продолжи соработката со американскиот производител на спортска опрема, Најки.

Со новиот договор кој ќе трае се до 2032 година, ПСЖ ќе инкасира неверојатни една милијарда евра. Со новиот договор, францускиот тим ги надмина екипите како Манчестер сити, Челси, Арсенал, Баерн, Тотенхем, Ливерпул, Јувентус и на годишно ниво ќе добива преку 80 милиони евра.

Подобри договори од ПСЖ имаат само три екипи, Реал Мадрид, Барселона и Манчестер јунајтед кои заработуваат преку 100 милиони евра годишно.

– Договорот претставува пресвртница и го потврдува податокот дека клубот стана глобален бренд. Најки е најверен партнер на ПСЖ и благодарение на нив и на Џордан, имавме рекордна сезона во продажба на дресовите – изјави претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот