„Најки“ ги повлече производите со името на Брајант

твитер

Производителот на спортска опрема одлучи да ја прекине продажбата на производи кои го носеа името на трагично загинатата НБА ѕвезда.

Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња пред трагичната несреќа имаше успешна соработка со „Најки“.

Американскиот производител на спортска опрема продаваше голем број на патики и друга спортска опрема со потписот на Брајант. Токму производите со името на Брајант беа едни од најпродаваните од сите продукти во гамата на „Најки“.

– „Најки“ престана да ги продава производите со потписот на Коби Брајант за да ги спречи препродавачите да профитираат од смртта на НБА легендата“, објави телевизијата ЕСПН, повикувајќи се на извори од компанијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот