„Најк“ во огромни загуби поради пандемијата

Приходите на „Најк“ за овој период изнесуваат 6,3 милијарди долари што е за 38 отсто помалку во однос на истиот период претходната година.

Компанијата „Најк“, големиот американски производител на спортска опрема во последниот квартал од фискалната 2020 година забележа загуба од 790 милиони долари поради пандемијата предизвикана од новиот корона вирус Ковид – 19, се вели во финансискиот извештај објавен на веб презентација на компанијата.

Извештајот ги опфаќа пресметките заклучно со 31.мај.

Приходите на „Најк“ за овој период изнесуваат 6,3 милијарди долари што е за 38 отсто помалку во однос на истиот период претходната година.

Истовремено обемот на продажба по пат на интернет се зголемил за дури 75 отсто.

Во својот извештак оваа компанија лошите финансиски резултати ги правда со влијанието на пандемијата од корона вирусот поради што била приморана да затвори голем број продажни места, пред се во Северна Америка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот