Најинтересните изјави на Марадона: Кој танцува со својата сестра, зашто Роналдо продава шампон за коса…

Аргентинската фудбалска легенда, Диего Армандо Марадона/Фото: EPA-EFE/OLIVER WEIKEN

Диего Марадона освен по мајсториите со топката, ќе остане запомнет и по своите изјави. Секогаш го зборуваше тоа што го мислеше и на никого не му остана должен.

Сите ја знаат неговата изјава за „Божјата рака“, но затоа имаше и уште неколку неверојатни изјави кои останаа под радарот на медиумите.

– Без разлика што и да се случи, кој е тренер или селектор, десетката секогаш е моја.

– Доколку дојдеш во казнениот простор и не шутнеш на гол, тоа е како да танцуваш со својата сестра.

– Фудбалот не може да ме умори, но тие околу него и тоа како можат. Постојат директори, тоа се личности на кои најважно им е да се сликаат отколку да направат нешто за клубот.

– Доколку Пеле е Бетовен, тогаш јас сум Рон Вуд, Кејт Ричард и Боно во едно, бидејќи сум страствената страна на фудбалот.

EPA/Canal Trece/HO

– Дали го видовте како Кристијано Роналдо ги прославува головите и позира. Тој покрај фудбалот ви продава и шампони за коса.

– Моите грешки? Па фудбалот не треба да плаќа за тоа. Јас сум виновен, а не топката.

– На почетокот сте еуфорични кога се дрогирате, како кога сте освоите титула. Затоа и се дрогирате. Тогаш си мислите: На кого му е гајле за утрешниот ден кога денеска можам да освојам се.

EPA-EFE/CIRO FUSCO

– Тие на СП во САД ми ги отсекоа нозете без да ми дадат можност да се бранам.

– Симораштијата е лоша, тоа го знам многу добро. Светот е неправеден, бoгатите треба да имаат помалку за сиромашните да имаат макар малку повеќе.

– Привилегиран сум, но тоа е Божја волја да ме направи голем. Затоа се прекрстувам кога излегувам на теренот. Не можат да го предадам Бог.

– Доколку мајка ми вели дека сум најдобар на светот, а она е секогаш во право – значи сигурно сум најдобар.

Фото: EPA-EFE/DyN ARGENTINA OUT – B/W ONLY

– Во психијатриска клиника бев како Џек Николсон во Летот над кукавичкото гнездо. Тоа беше лик кој мисли дека е Робинсон Крусо и никој таму не ми веруваше дека јас сум Диего Марадона.

– Мојата Божја рака ни го донесе Папата Аргентинец.

– Пеле треба да се врати во музеј.

– Сите кои мислат дека лесно успеав и дека нешто ми е подарено, можат да ме бакнат во г***т. Заслужив се што добив.

– Јас сум црн или бел, но никогаш сив.

– Ти си само голман.

– Има стотина Бекамовци на светот.

– Кога Бог ќе одлучи, ќе дојде по мене.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот