Најголемото понижување во кариерата на Балотели! (ВИДЕО)

фото: твитер

Му беше забранет влезот на „Супер Марио“ на патот кон тренинг центарот на Бреша…

Првите луѓе на италијанскиот клуб Бреша и тренерот не се задоволни од однесувањето и перформансите на играчот кој е пред уште една неуспешна фудбалска приказна.

Марио Балотели пропушти уште еден во низата тренинзи, по што претседателот на клубот ја започна постапката за раскинување на договорот.

За да биде уште поголемо понижувањето, му беше забранет влезот на „Супер Марио“ на патот кон тренинг центарот на Бреша.

Сите играчи во Серија А имаат обврска да покажат соодветна медицинска документација за да бидат во просториите на клубот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот