Најголемото хрватско дерби пред празни трибини поради коронавирусот?

foto: hajduk.hr

Хрватската фудбалска федерација (ХНС) чека сигнал од Министерството за здравство дали ќе дозволи да се игра пред полни трибини најголемото дерби во Хрватска помеѓу Хајдук и Динамо.

Во ХНС се загрижени поради двата случаи на заболени од коронавирус и сериозно размислуваат да воведат идентични мерки како во Италија, каде шест наптревари од Серија А ќе се играат пред празни трибини.

ХНС размислува најголемото хрватско дерби помеѓу Хајдук Сплит и Динамо Загреб кое е закажано за 4 март, да се игра пред празни трибини.

За да донесат конечна одлука челниците на ХНС чекаат сигнал од Министерството за здравство, кое треба да одлучи дали ризикот е преголем за да има гледачи.

– Кога се во прашање концертите и спортските натпревари, сметаме дека засега не треба да се генерализира проблемот и не би било добро да се забранат ваквите настани. Но, доколку се зголеми опасноста од ширење на епидемија со заболени од коронавирус, тогаш ќе мора да одлучиме дали ќе дадеме согласност за одржување на спортски настани – вели Вили Берош, министер за здравство во Хрватска.

Интересно е што двајца фудбалери на Динамо Загреб, Изет Хајровиќ и Марио Гаврановиќ, беа во домашен карантин. Причината за овој потег на хрватскиот шампион е бидејќи сопругата на Хајровиќ, Лејла присуствувала во Милано на модната недела, а во понеделникот фудбалерите со своите сопруги биле на заедничка вечера.

Коронавирусот во Хрватска „дојде“ поради навивач кој минатата недела (19 февруари) во Милано го следеше натпреварот од Лигата на шампионите помеѓу Аталанта и Валенсија, кога според шпански медиуми се заразени уште четворица шпански навивачи.

Денеска хрватското министерство за здравство го потврди и вториот случај на коронавирус, станува збор за братот на навивачот кој минатата недела беше во Милано.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот