Најголемо загадување на воздухот во Карпош, жителите ја бараат причината за нечистиот воздух

Од трите мерни единици за воздух, според последните информации, најзагаден е оној во општина Карпош.

Жителите реагираат на социјалните мрежи и ја бараат причината за загадувањето.

На Фејсбук страницата 02 Иницијатива се објавени фотографии, на кои може да видат податоци, според кои во оваа општина има најзагаден воздух.

„Ќе добиеме ли еднаш ОДГОВОР на што сè се должи високото загадување во Карпош?! Во време на Стевчо, од Косово беше загадувањето (иако, да, точно е дека има прекугранично загадување кое доаѓа од Косово, но во висина од околу 2% за PM10 и 1% за PM2.5).  Богоев има сознанија дека доаѓа од Сарај. Сигурно има голем дел кој доаѓа од таму, според струењето на воздухот, правецот на негово движење. Но, со конечно мерење на PM2.5 од мобилната станица во Ѓорче, имаме поинаква слика. Од трите мерни места (Центар е третото), Карпош е убедливо и далеку НАЈЗАГАДЕН. Теоријата дека доаѓа од Сарај не се поклопува како треба, зошто во тој случај Карпош немаше да е позагаден од Ѓорче“, пишува на споменатата Фејсбук страница.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот