Најголемо невреме во последните 20 години во Индија: Циклонот Фани носи сѐ пред себе, има и жртви (ВИДЕО)

Тропскиот циклон Фани ја погоди Индија, најсилното невреме во последните 20 години.

Според последните информации, три лица утрово починале на истокот од земјата, додека на социјалните мрежи се појавуваа снимки од немилосрдното невреме кое носи сѐ пред себе.

https://www.facebook.com/severeweatherEU/videos/301976674027026/?t=4

Со денови се зголемуваше силата на циклонот во северните делови на Бенгалскиот залив, за денеска циклонот да ја погоди сојузната држава Одиша на исток од земјата.

Во земјата паѓаат обилни дождови, а ветрови дуваат со брзина од 200 километри на час. Индија во последните 24 часа евакуираше повече од милион луѓе од најранливите места.

https://www.facebook.com/severeweatherEU/videos/354721848501107/?t=1

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот