Најголемо крвопролевање: За 48 часа во Сирија загинаа над 100 лица – Слободен печат
ВестиПланета

Најголемо крвопролевање: За 48 часа во Сирија загинаа над 100 лица

Минатиот септември, Турција и Русија се согласија да го претворат Идлиб во зона за деескалација, каде што акти на агресија беа експлицитно забранети.

Во последните 48 часа во северозападната сириска провинција Идлиб загинаа најмалку 96 лица во судирите меѓу опозициските сили и владината војска на Башар ал Асад, јави турскиот весник на англиски јазик Дејли Сабах.

Според сириската опсерваторија за човекови права, владините сили поддржани од руски борци се судрија со опозициските групи на неколку фронтови во југоисточниот дел на провинцијата Идлиб во текот на изминатите два дена.

Опсерваторијата, со седиште во Лондон, соопшти дека тоа е најголемото крвопролевање од моментот кога примирјето, посредувано од Русија, стапи во сила кон крајот на август.

Минатиот септември, Турција и Русија се согласија да го претворат Идлиб во зона за деескалација, каде што акти на агресија беа експлицитно забранети.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close