НАЈГОЛЕМО ГЕРМАНСКО ДЕРБИ: Омразата е толку голема што претседателот на Шалке со лавови ги плашел фудбалерите на Дортмунд (ФОТО)

Рурското покраинско дерби помеѓу Шалке и Борусија Дортмунд е едно до најголемите во светот, а за навивачите не е важна титулата колку што е важна победата над омразениот ривал.

Омразата помеѓу Шалке и Борусија Дортмунд датира од инцидентот од 1969 година. На 6. септември на стариот стадион на Борусија „Die Rote Ende“ трибините беа претесни да ги соберат сите навивачи, капацитетот беше 42.000 гледачи, но на тој натпревар имаше преку 50.000 навивачи.

Дел од навивачите беа приморани да седат на тревата покрај теренот, поради што на тренерите погледот на теренот им беше блокиран.

Преголемиот број на навивачи на стадионот не најавуваше добри работи на натпреварот, напротив се навестуваше дека ќе има инциденти.
Токму такво нешто се случи во 37. минута кога фудбалерот на Шалке, Ханс Пиркнер постигна гол по што бројни гостински навивачи влетаа во теренот за да го прослават голот.

За да ја смири ситуацијата, полиција ги пушти кучињата (германски овчари) за да воведе ред и да ги избрка навивачите од теренот. Но, наместо тоа, едно полициско куче го гризна за ногата фудбалерот на Шалке, Фридел Ројш, а исто така гризнат беше и неговиот клупски колега, Герт Нојзер.


Ројш заврши во болница каде прими вакцина тетанус, натпреварот заврши без победник, а Борусија како извинување прати букет цвеќиња и 500 германски марки.

Управата на Шалке не можеше да им прости на големите ривали, и наредната година кога „милионерите“ гостуваа во Шалке и кога истрчаа на теренот останаа во шок, тие беа пречекани од четири лава.

Претседателот на Шалке ги изнајмил лавовите од локалниот „сафари парк“ како одмазда за тоа што неговите играчи беа нападнати од полициски кучиња.

Оттогаш сите натпревари помеѓу Шалке и Борусија Дортмунд се тензични, како на теренот така и на трибините. Навивачите на Борусија често велат дека да се игра со Баерн Минхен е фудбал, додека да се игра со Шалке е војна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот