НАЈГОЛЕМИТЕ ЗАБЛУДИ ВО ХОРОСКОПОТ: Овие особини ги толкуваме сосема погрешно – Слободен печат
ЕспресоХороскоп

НАЈГОЛЕМИТЕ ЗАБЛУДИ ВО ХОРОСКОПОТ: Овие особини ги толкуваме сосема погрешно

Многу од мааните, всушност ви даваат предност во севкупниот впечаток кој го оставате.

Без разлика дали верувате во хороскоп или сте само љубопитни, сигурно веќе ги знаете карактеристиките кои го опишуваат вашиот знак.

Но, многу од тие особини погрешно ги толкуваме, особено во негативен контекст. Многу од мааните, всушност ви даваат предност во севкупниот впечаток кој го оставате.

Дознајте кои карактеристики на вашиот знак се погрешно толкувани:

ОВЕН

Иако изгледаат како неодлучни, всушност Овните никогаш не се откажуваат, туку само бараат алтернативни начини да го постигнат она што го сакаат. Тоа не е страв и несигурност, туку мудрост.

БИК

Тие се пријатели на кои секогаш можете да се потпрете, но ако забележите отпор, тоа не е поради нивната тврдоглавост, туку поради тоа што се обидуваат да спречат да бидат искористени.

БЛИЗНАЦИ

Како знак кој има две страни, Близнаците изгледаат како нестабилни и непредвидливи. Но, тоа им дава предност да се снајдат во секоја прилика, но и да се прилагодат на новостите.

РАК

Многумина мислат дека Раковите се ладни и рамнодушни, но тие се многу чувствителни. Сепак, не сакаат тоа да го покажат пред другите, дури ни пред оние на кои безрезервно им веруваат.

ЛАВ

Нивниот темперамент ги прави брзи и непредвидливи, но и арогантни и желни за моќ. Но, тие само знаат да размислуваат логички, да анализираат и да направат сосема пресметан чекор.

ДЕВИЦА

Нив е добро да ги имате во своја близина, бидејќи премногу размислуваат и ги гледаат нештата од сите перспективи. Затоа и најмногу ќе ги барате кога ви е потребен издржан совет.

ВАГА

Тие мечтаат за љубовта и за силните емоции, па затоа и лесно може да бидат повредени. Но и во тие ситуации умеат да се прилагодат и да го извлечат најдоброто.

СКОРПИЈА

Тие се способни да прекинат пријателство или врска преку ноќ, особено ако се во прашање неверство и предавство. На тој начин тие се груби со другите, но си прават себе голема услуга.

СТРЕЛЕЦ

Нивниот слободен дух оддава впечаток дека секогаш им е забавно и дека се задоволни од моменталната ситуација. Но, зад ваквото однесување тие ја кријат тагата и осаменоста.

ЈАРЕЦ

Често ги обвинуваат дека се груби и воздржани. Но, тие само сакаат да размислуваат во мир, без да вклучуваат други луѓе во сопствената драма. Во исто време се и многу економични и аналитични.

ВОДОЛИЈА

Тие тешко одлучуваат, особено ако не се потполно сигурни во издржаноста на идеите. Ако ве одбијат, тоа не го прават од злоба или инает, туку поради својата лична филозофија.

РИБИ

Рибите се чувствителни и интуитивни луѓе, па грешно ги проценуваме како слаби. Но, тие се всушност силни и самодисциплинирани, повеќе од кој и да е друг знак во хороскопот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close