Најголемите техно-маркети во Македонија направија екстра профит во кризната 2020

Најголемите пет техно-маркети во Македонија лани ја зголемија продажбата на мало на уреди и го зголемија вкупниот приход на речиси 150 милиони евра, што е дефинитивно потврда дека во кризната 2020 се зголемиле нашите потреби од телевизори, гаџети, бела техника и сите уреди за домаќинството. 

На врвот по продажба останува Нептун ДОО како неприкосновен снабдувач на нашата нација со нови уреди за домаќинство и популарна бела техника. Остварен е приход од 60 милиони евра и оваа компанија може да се каже дека е е единствена на исто ниво како и во 2019 година. Но затоа добивката е зголемена за 11 отсто и достигна 3 милиони евра. 

На второто место се зацврсти „Сетек – Се од техника“ со профит од 2,7 милиони евра кој што е 2,5 пати повисок од претходната година. Приходот достигна 44,7 милиони евра што е за 31 отсто повеќе од претходната година.

„Техномаркет“ има реализација од 18 милиони евра и од продажба оствари профит од 720.000 евра што е дури за два пати повеќе од добивката во 2019 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот