Најголемите пет фудбалски „кражби“ во 21 век! (ВИДЕО)

фото: твитер

Скоро е невозможно да се докаже дека еден судија, делегат или било кое официјално лице имал лоша намера кон клубовите на тие натпревари.

И судиските грешки се составен дел од спортот, со докази преку камерите кои го снимаат тој настан како може лесно да му се наштети случајно на поединец или екипа и тоа на крајот можеби да и клучно влијание на конечниот резултат.

Скоро е невозможно да се докаже дека еден судија, делегат или било кое официјално лице имал лоша намера кон клубовите на тие натпревари.

И во 21 век со најнова технологија која секојдневно напредува сме сведоци на големи грешки, па во продолжение погледнете ги најголемите пет фудбалски „кражби“.

– „БОЖЈАТА РАКА“ НА АНРИ ПРОТИВ ИРСКА
Во баражот за СП 2010, на првиот меч триумфираше Франција со 1:0 во Ирска. На реваншот Ирците постигнаа гол и го одведоа мечот во продолжение, а таму Анри асистира со рака до Галас за учество на Мундијалот.

– „НЕВИДЛИВА“ СИЛА ГИ СПАСИ ГЕРМАНЦИТЕ ПРОТИВ САД
Во четвртфиналето на СП 2002 Германија против САД водеше со 1:0. Американците имаа шанса да израмнат и после корнер веќе беше совладан Кан, но не и Фрингс кој со рака интервенираше на гол-линијата.

– ЦЕЛ СВЕТ ГО ВИДЕ ГОЛОТ НА ЛАМПАРД, НЕ И СУДИИТЕ
Во осминафиналето на СП 2010 помеѓу Германија и Англија невиден скандал, при водство на Германија (2:1), Лампард го совлада Нојер, топката половина метар во голот, но изненадувачки не е признат.

– НЕПРИЗНАТ ЧИСТ ГОЛ НА МИЛАН, ЈУВЕ СЛАВИ ТИТУЛА
Милан против Јуве имаше два бода предност, поведе со 1:0, па стрелаше Мунтари (2:0), топката ја помина гол-линијата, но не и за судиите. „Старата дама“ стигне реми, а подоцна и првата од осумте врзани титули во Серија А.

– НОРВЕЖАНЕЦОТ ТОМ ХЕНИНГ МУ „ПРЕСУДИ“ НА ЧЕЛЗИ
Норвешкиот судија Том Хенинг го судеше реванш полуфиналето во ЛШ 2009 година помеѓу Челзи и Барселона на „Стемфорд Бриџ“. На „Камп Ноу“ беше 0:0, на возвратниот дуел поведоа лондонските „сини“ и беа многу блиску до финале, но во финишот беа шокирани од Иниеста.
Но, Челзи дефинитивно по лошо ќе се сеќава на Норвежанецот кој не им досуди неколку пенали, посебно лут беше Германецот Балак кој викаше по главниот арбитар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот